среда, 4 март 2026

Димитриевски доби насловна страница во Шпанија: Број еден! (ФОТО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски максимално ја искористи шансата по повредата на Хулен Агирезабала и им докажа на сите дека заслужува да биде прв голман на Валенсија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на сезоната Валенсија покажа недоверба во Столе Димитриевски и потпиша глупав договор со Атлетик Билбао за позајмица на Агирезабала, според кој овој голман мора да брани голем процент од натпреварите.

Димитриевски беше ставен во нефер позиција, чекаше шанса, а не знаеше дали ќе ја дочека. Во меѓувреме Агирезабала се повреди, па нашиот Столе изби во прв план и покажа кој е кој.

Денеска тој е на насловната страница на „Супер Депорте“, кој напиша дека Македонецот го заслужил стартното место во тимот на Валенсија.

Димитриевски бранеше на десет меча во сите натпреварувања од 10. јануари, при што Валенсија победи на пет од нив, а нашиот голман имаше четири „чисти мрежи“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ