Фудбалерот од средниот ред го продолжи актуелниот договор и се обврза на верност до 2028 година. Тодоровски е дел од Вардар точно една година, бидејќи пристигна во клубот од Брера минатата зима.
Претходно Димитар Тодоровски настапуваше за Работнички, од чија академија потекнува.
Во претходниот период Вардар потпиша долги договори и со бекот Михаил Маневски, како и офанзивецот Диего Кастањеда.






