вторник, 16 декември 2025

Детали за сообраќајката во која загина Жота: Им се дупнала гума додека престигнувале друг автомобил!

Шпанската полиција објави детали за несреќата во која загинаа ѕвездата на Ливерпул, Диого Жота и неговиот брат Андре, причината е дупнување на гума од автомобилот.

Објавено на

часот

Сподели

Половина час по полноќ Жота и неговиот брат Андре кој исто така беше фудбалер, со автомобил излетале од пат во Шпанија. Несреќата била кобна, двајцата починале на лице место.

Шпанската полиција излезе со детали за смртта на португалските фудбалери.

„Информациите што ги имаме досега се дека автомобилот, кој бил Ламборгини, учествувал во сообраќајна несреќа, излетал од патот поради пукање гума при престигнување.“

„Тоа се случило во раните утрински часови, 00:30 часот по полноќ, во општината Чернадиља во покраината Замора.“

„Автомобилот се запалил, а двајцата патници загинале.“

„Кога беа замолени да го потврдат идентитетот на учесниците во несреќата, Гардија Цивил одговори: „Играчот и неговиот брат, Андре Фелипе“, се вели во соопштението на шпанската полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ