Денвер одлично го почна мечот, првата четвртина ја доби со 14 поени разлика и се чинеше дека нема да има проблем да го совлада Далас, но на крајот успеа да ја прокоцка позитивата и да доживее пораз од десет поени разлика.
Јокиќ мечот го заврши со 29 поени, имаше 20 скокови и 13 асистенции, Џонс реализираше 28 поени. Во составот на Далас фантастична партија имаше Ентони Дејвис кој постигна 32 поени, имаше и 13 скокови.
Лука Дончиќ не можеше сам против Феникс. Словенецот постигна 38 поени, имаше и 11 скокови, но тоа не беше доволно за победа. Останатите не беа на нивото, Ривс реализираше 16 поени, Леброн само 10.
Најдобар кај Феникс беше Брукс со 33 поени, Гилеспи постигна 28.
Резултати:
ЛА Лејкерс – Феникс 108-125
Денвер – Далас 121-131
Јута – Хјустон 133-125
Бруклин – Шарлот 116-103
Мајами – ЛА Клиперс 140-123
Орландо – Чикаго 125-120
Детроит – Атланта 99-98
Индијана – Кливленд 119-135
Вашингтон – Милвоки 129-126






