понеделник, 5 мај 2025

Денвер тргна со победа, Лејкерс ја загуби предноста на домашен терен (ВИДЕО)

Во драматичен меч со едно продолжение, Денвер со 112-110 ја совлада екипата на Лос Анџелес Клиперс, Лејкерси ја загубија предноста на домашен терен откако првиот меч со Минесота го загубија дома со 117-95.

Објавено на

часот

Сподели

Денвер лошо го почна мечот, губеше и со 15 поени разлика, но работите почнаа да се менуваат од втората четвртина. Нагетс полека ја намалуваа негативата и го однесоа мечот во драматична завршница.

Регуларниот дел заврши 98-98, па мечот отиде во продолженија во кои Денвер беше подобар и победи со 112-110, за водство од 1-0 во серијата.

На Јокиќ му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, даде 29 поени, имаше и 12 асистенции, одличен беше и Гордон со 25 поени, кај Клиперс, Харден реализираше 32 поени.

За разлика од Денвер, Лос Анџелес Лејкерс не ја искористи предноста на домашен терен, првиот меч го загубија со убедливи 117-95.

Лејкерс отворија одлично, ја добија првата четвртина со 28-21, но клучен беше вториот период кој ѝ припадна на Минесота со фантастични 38-20. Тука беше решено прашањето за победникот, домаќинот не успеа да се врати и го загуби мечот.

Дончиќ беше најефикасен со 37 поени, Минесота одигра тимски одлично, Мекдениелс даде 25 поени, Рид 23, а Едвардс 22.

Резултати:

Индијана – Милвоки 117-98 (1-0)
Денвер – ЛА Клиперс 112-110 (1-0)
Њујорк – Детроит 123-112 (1-0)
ЛА Лејкерс – Минесота 95-117 (0-1)

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ