понеделник, 8 декември 2025

Денвер повторно го преслуша Сакраменто, Јокиќ беше најдобар (ВИДЕО)

Денвер и Сакраменто за кратко време одиграа два натпревари, а двапати славеа Јокиќ и другарите, овојпат со 122-108.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот постигнувајќи 35 поени, имаше и 15 скокови и седум асистенции. Главна поддршка му беше Мареј кој реализираше 23 поени. Кај Сакраменто Ебуанкс и Сабонис постигнаа по 19 поени.

Претходниот меч меѓу овие две екипи се одигра на 4 ноември, тогаш Денвер славеше со 130-124.

Резултати:

Бруклин – Торонто 109-119
Њујорк – Мемфис 133-120
Оклахома – Голден стејт 126-102
Филаделфија – Бостон 102-100
Јута – Индијана 152-128
Сакраменто – Денвер 108-122

ФОТО: ЕПА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ