Нагетс имаат пет победи пред своите навивачи од исто толку натпревари оваа сезона. А Никола Јокиќ ја продолжи формата од минатите сезони.
На овој натпревар српскиот кошаркар имаше 26 поени и девет скокови и девет асистенции, малку му недостасуваше за трипл-дабл. Јокиќ имаше помош од Мареј кој даде 23 поени, Гордон реализираше 18. Најдобар кај Голден стејт беше Грин со 17.
Натпреварот се играше на паркет розев паркет кој е тежок за гледање, но ова не беше единствениот натпревар кој имаше таква дречлива подлога. Некој лош тренд во НБА лигата.
Погледнете каков беше теренот на мечот меѓу Минесота и Јута.
Резултати:
Орландо – Бостон 123-110
Вашингтон – Кливленд 114-148
Атланта – Торонто 97-109
Бруклин – Детроит – 107-125
Сан Антонио – Хјустон 121-110
Мемфис – Далас 118-104
Мајами – Шарлот 126-108
Милвоки – Чикаго 126-110
Минесота – Јута 137-97
Денвер – Голден стејт 129-104
Сакраменто – Оклахома 101-132






