Дембеле собра уште една награда откако претходно победи и во изборот за Златната топка на „Франс удбал“ и Д’Бест на ФИФА.
Признанието за најдобар фудбалер на Блискиот Исток му припадна на Кристијано Роналдо, додека награди во различни категории освоија и младиот бисер Јамин Ламал, Дезире Дуе, Витиња, како и тренерот Луис Енрике.
Наградата за кам-бек на годината ја доби Пол Погба, кој успешно се врати на фудбалските терени по завршувањето на суспензијата поврзана со допинг-случајот.
Во категоријата најдобар клуб, во машка конкуренција признанието заврши кај Пари Сен Жермен, додека кај дамите најдобар беше прогласен тимот на Барселона. За најдобар спортски директор беше избран Луис Кампос од ПСЖ, а титулата најдобар фудбалски агент заврши кај Жорж Мендеш.
🚨🎙️Paul Pogba:
“Cristiano you are here, thank you for inspiring all of us” pic.twitter.com/OZjQZo8zfO
— TCR. (@TeamCRonaldo) December 28, 2025






