вторник, 16 декември 2025

Дембеле е најдобар играч за 2025, Луис Енрике е тренер на годината (ФОТО)

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле ја доби наградата за најдобар фудбалер на годината која ја доделува ФИФА „Д’Бест“, а за најдобар тренер е прогласен Луис Енрике.

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот фудбалер претходно ја доби „Златната топка“, а сега со наградата „Д’Бест“ само се потврди дека беше најдобар.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ја доби наградата за тренер на годината на ФИФА Д’Бест наградите. Таа доаѓа во неговите раце затоа што го предводеше францускиот тим до трофејот во Лигата на шампионите.

Познат е и најдобриот тим според ФИФА, а таму се: Донарума, Хакими, Пачо, Ван Дајк, Мендеш, Палмер, Белингем, Витиња, Педри, Дембеле и Јамал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ