петок, 4 јули 2025

Делап го постигна првиот гол за Челси, убедлив триумф на сините (ВИДЕО)

Челси со 3-0 го победи Есперанс Тунис, а Лиам Делап го даде сојот првенец за новиот тим, Фламенго и Лос Анџелес ФК одиграа нерешено.

Објавено на

часот

Сподели

Дури два од трите погодоци беа постигнати во судиското продолжение од првото полувреме.

Најпрво Адарабијо погоди со глава за водство на Челси од 1-0, а брзо потоа Делап постигна гол за 2-0.

Конечните 3-0 ги постигна Џорџ во 97. минута од натпреварот.

Фламенго и Лос Анџелес ФК одиграа нерешено 1-1, двата гола беа постигнати во самиот финиш.

Буанга во 84. минута донесе водство за Лос Анџелес, кое траеше само две минути кога Волас Јан го изедначи резултатот.

Фламенго како прв во групата оди во осминафинале и таму ќе игра против Баерн Минхен, а Челси како втор ќе ја има Бенфика за противник.

Фото: X/ChelseaFC

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ