вторник, 10 јуни 2025

Деко одговараше дали Јамал побарал да биде најплатен во Барса и дали Реал Мадрид доставил понуда?

Спортскиот директор на Барселона, Деко проговори за иднината на Ламин Јамал, вели дека младото момче не побарало да биде најплатен во тимот и додаде дека единствената понуда за трансфер пристигнала од ПСЖ.

Објавено на

часот

Сподели

Ламин Јамал треба да стави потпис на нов договор кога ќе наполни 18 години на 13. јули, па изминатиов период има многу гласини за неговата иднина.

Се шпекулираше дека младото момче побарало да биде најплатен во тимот, нешто што спортскиот директор Деко сега го негираше.

„Не побарал да биде најплатен во тимот. Тоа не е точно. Тој сака само да биде среќен, да биде вреднуван и нема подобар клуб од Барселона за него“ – порача Деко.

„Новиот договор е на прав пат“.

Запрашан за гласините дека Реал Мадрид сака да го ангажира Ламин Јамал, тој вели: „Оваа сезона немаме добиено ниту една понуда. Минатата сезона имаше, ПСЖ беше еден од клубовите кои се распрашуваше, Реал Мадрид никогаш не остварил контакт“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ