вторник, 17 март 2026

Дејан Манасков го даде најубавиот гол во групната фаза на ЛШ (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја завршија својата европска приказна оваа сезона со елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Како мала утеха во Битола доаѓа признанието за Дејан Манасков од страна на Европската ракометна федерација. Македонското крило го постигна најубавиот гол во групната фаза на елитното натпреварување.

Секако, се работи за цепелинот во последната минута од дуелот во Битола на Пелистер против Барселона.

Голманот Никола Митревски имаше интервенција, па фрли контра која Манасков атрактивно во лет ја претвори во гол. Во трката за најубав погодок Македонецот ги победи Гидсел, Тсковребадѕе, Баруфе, Бергенда, Арнолдсен, Фраде, Пранди, Кошта и Гудјонсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ