понеделник, 14 јули 2025
Гостите џабе се бунеа, домаќините искористија дупка во правилата

Дефанзивец на Мирандес изведе епски трик при пеналот на Овиедо и може да донесе промоција (ВИДЕО)

Дефанзивецот Унаи Егилуз имаше потег кој ретко се гледа и помогна Мирандес да се спаси при пеналот на Овиедо во баражот за влез во Ла Лига.

Објавено на

часот

Сподели

Додека сите очи на љубителите на фудбалот се насочени кон САД и првото издание на новото Светско клупско првенство, во Шпанија се игра баражот за влез во елитата.

Мирандес направи чекор кон Ла Лига откако со 1-0 го доби првиот натпревар против Овиедо, а гостите имаат за што да жалат откако промашија пенал во финишот од мечот.

Голманот Фернандез го одбрани ударот на Коломбато, но сите зборуваат за потегот кој го направи дефанзивецот Унаи Егилуз, кој ја расчисти одбиената топка.

Тој изведе епски трик, предвреме влезе во шеснаесетникот но скокна, не газеше на тревата, искористи дупка во правилата и судијата не можеше да го повтори пеналот и покрај тоа што гостите се бунеа.

Потегот кој може да го однесе Мирандес во Ла Лига не бил случаен од таборот на домаќините порача дека ова е веќе работено на тренинзите.

„Можеби звучи како шега, но навистина го трениравме ова“ – вели тренерот Алесио Лиши.

„Делегатот се распраша какви се правилата, ни кажа дека е дозволено доколку играчот скокне, па работевме на ова. Унаи сега го изведе сето тоа перфектно“.

ФОТО: Print screen La Liga

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ