сабота, 21 февруари 2026

Деби гол од слободен удар за Трајковски во Локомотива (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го даде својто деби гол во новиот клуб Локомотива Загреб.

Објавено на

часот

Сподели

Искусниот крилен напаѓач стрела директно од слободен удар и во 83. минута ги постави конечните 3-1 на средбата против Осијек. Трајковски влезе во игра во вториот дел и го даде премиерниот гол во дресот на Локомотива.

Досега Трајковски заигра за хрватскиот клуб на шест меча, а освен погодокот има и една асистенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ