четврток, 10 април 2025

Де Брајне си оди од Манчестер Сити како еден од најдобрите во историјата на Премиерлигата

По десет години поминати на Етихад, Кевин Де Брајне соопшти дека го напушта Манчестер Сити по крајот на сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Кевин Де Брајне соопшти дека по крајот на сезоната го напушта Манчестер Сити, фудбалерот од Белгија вели дека е време да ја промени средината.

Граѓаните“ изминативе години доминираа во Премиерлигата и станаа првиот тим во историјата кој четири пати по ред бил шампион на Англија.

Но оваа сезона Манчестер Сити игра под очекувањата, наместо за нова титула, грчевито се бори за топ четири пласман, па подолго време се говори дека летоска ќе има големи промени во составот и ќе заминат дел од постарите фудбалери, кои долго време беа носители на играта.

Едно од имињата кои ќе го напуштат клубот е Кевин Де Брајне, кој пристигна на Етихад во 2015 од редовите на Волфзбург во зделка вредна околу 54,5 милиони фунти.

„Кога ќе видите ваков пост, веднаш знаете знаете што значи, па ќе преминам на главното и сакам да ве известам дека ова се моите последни месеци како фудбалер на Манчестер Сити“ – вели фудбалерот од Белгија во соопштение постирано на социјалните мрежи.

„Сите знаевме дека ќе дојде овој ден, и тој ден е тука – заслужувате да го слушнете ова од мене“.

33 годишниот Кевин де Брајне ќе биде запаметен како еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата со шест шампионски трофеи во Премиерлигата, два во ФА Купот, пет во Лига Купот и една во Лигата на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ