Македонскиот репрезентативен стопер не беше во прв план во клубот од Босна и Херцеговина, па можеби разделбата ќе му дојде добро. Велковски ќе мора да побара нова средина за втората полусезона.
Во својата кариера Велковски тргна преку Македонија Ѓорче Петров како младинец, потоа играше за Работнички и Вардар.
Во 2018 година следуваше преселба во Ријека чиј член беше четири години. Потоа Дарко Велковски замина во саудиски Ал Етифак, па беше дел од Динамо Букурешт од Романија и Ниреѓихаза од Унгарија.






