недела, 14 декември 2025

Дарко Панчев е во најдобриот тим на Црвена звезда на сите времиња (ФОТО)

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев, се најде во најдобриот тим на сите времиња во изборот кој го правеше „Моцарт Спорт“ со гласови на 160 фудбалери кои го носеле дресот на Црцена звезда или Партизан.

Објавено на

часот

Сподели

Најславните денови од кариерата Дарко Панчев ги помина во Црвена звезда, тој беше стрелец и на голот по кој во Бари почна радоста за освоената европска титула.

Поранешни играчи на Црвена звезда и Партизан ги бираа најдобрите тимови на овие два великани, а меѓу црвено-белите е Дарко Панчев.

Покрај Панчев во тимот се уште и Џајиќ, Савичевиќ, Шекуларац, Стојковиќ, Југовиќ, Петровиќ, Михајловиќ, Белодедиќ, Видиќ и голманот Беара.

За тренер е избран Миљан Милиќ.

Илија Најдоски е избран во резервите на тимот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ