четврток, 24 април 2025
Добар настап во Белгија на Европското првенство на трки на пат

Дарио Ивановски на својот 13. маратон финишираше на 13. место

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои 13. место на маратонот во Белгија, ја истрча трката со време од 2 часа, 14 минути и 2 секунди.

Објавено на

часот

Сподели

Добар настап на Дарио Ивановски на маратонот во Белгија и Европското првенство на трки на пат.

Македонскиот атлетичар делницата низ улиците на Брисел и Лувен ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и 2 секунди.

Интересно е тоа што денешниот маратон за Дарио Ивановски беше неговиот 13-ти во кариерата и тој финишираше на 13. место.

Што се однесува до победникот, прв низ целта помина италијанскиот атлетичар Илијас Ауани од Италија со време од 2:09.05, а потоа следеа Гашуа Ајале и Мару Тефери од Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ