сабота, 12 јули 2025

Дарио Ивановски донесе втора победа за Македонија на Европското атлетско екипно првенство

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски победи на 5.000 метри на Европското екипно атлетско првенство 3. дивизија кое се одржува во Марибор, претходно победа за Македонија донесе и Андреас Трајковски во скок во далечина.

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски победи со време од 14:04.06 минути што е негов најдобар резултат сезонава, но 10 секунди побавно од рекордот на кариерата.

За доминацијата на Македонецот најдобро зборува фактот што второплаираниот Балдвин Магнусон од Исланд заостана повеќе од 26 секунди, а дел од натпреварувачите заостануваа и повеќе од еден круг зад Ивановски.

Претходно, првото место во својата дисциплина го освои Андреас Трајковски кој беше најдобар во скок во далечина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ