Данците сега се Европски, Светски и Олимписки шампион, претходно единствена со таков успех беше Франција.
Домаќините водеа во текот на целиот натпревар, но Германците постојано им дишеа во врат. Се играше брз меч со многу голови иако голманите беа фантастичини. На одморот Данска имаше водство од 18-16.
Брзо во второто полувреме Германија успеа да го израмни резултатот, но Данците брзо го вратија водството, а на крајот славеа и убедливо со 34-27.
Питлик со осум голови беше најефикасен, Хансен и Гидсел постигнаа по седум, кај Германците по пет дадоа Гола, Гргиќ и Кнор.
Бронзата ѝ припадна на Хрватска која претходно во битката за третото место го совлада Исланд со 34-33.






