Домашната селекција во Хернинг играше во улога на гостин, ама тоа не смени многу бидејќи трибините беа полни до последното место. Така, 15.000 навивачи видоа одлично дерби кое на крајот им припадна на Данците кои го надиграа ривалот.
Првото полувреме беше израмнето, Германија парираше и се држеше, иако во најголем дел бркаше негатива. Сепак, во продолжението расположената Данска стигна до сигурна победа. Матијас Гидсел и Симон Питлик со по осум гола го водеа својот тим до славје.
Оваа победа има огромно значење, бидејќи претходно Шпанија приреди изненадување и ја победи Франција (36-32). „Црвената фурија“ иако беше без шанси за полуфинале успеа да го запре залетаниот противник кој во последното коло мора да ја победи Германија за полуфинале.
Во првиот натпревар на денешната програма Португалија и Норвешка одиграа реми (35-35).






