четврток, 19 март 2026

Дани Мусовски стрела за Сиетл пред првиот собир со репрезентацијата (ВИДЕО)

Дани Мусовски доаѓа на првиот собир на фудбалската репрезентација на Македонија со постигнат гол зад себе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новајлијата на мак-фудбалот од МЛС лигата стрела во победата на својот Сиетл Саундерс против Ванкувер Вајткепс (2-1) во КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Мусовски го даде голот за 1-1 во 79 минута од средбата.

За него ова е прв повик во репрезентацијата на Македонија, иако пасошот го има веќе неколку години. Мусовски и останатите репрезентативци ќе одговорат на повикот на селекторот Гоце Седлоски в недела или понеделник (во зависност од клупските обврски).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ