вторник, 15 јули 2025

Дали Ѓоковиќ со изјавата по поразот од Синер најави пензија?

Новак Ѓоковиќ синоќа го заврши настапот на Ролан Гарос откако во полуфиналето беше поразен од Јаник Синер во меч со три сета.

Објавено на

часот

Сподели

По завршувањето на мечот Новак Ѓоковиќ беше посебно емотивен, а кога на тоа ќе се додаде и неговата изјава, може да се заклучи дека ова би можело да биде и последна година пред пензија за него.

„Ова можеби беше мојот последен меч тука. Затоа бев емотивен, бидејќи добив навистина многу од публиката. Не знам што носи утрешниот ден, особено во оваа фаза од кариерата. Ќе продолжам понатаму, следи Вимблдон, ќе дадам сѐ од себе да се подготвам. Таму можеби имам најголеми шанси за уште еден грен-слем, ако не во Австралија…“, изјави Ѓоковиќ.

Како одминува времето станува се појасно дека српскиот тениски ас има големи потешкотии да стигнува до финалињата, младоста на Синер и Алкараз доаѓа до израз и полека тие ги преземаат мечевите за титули.

„Кажав дека може да бил мојот последен меч, не дека е со сигурност. Не знам што ќе се случи за 12 месеци, тоа е предолго време. Би сакал да играм повторно? Да. Дали ќе играм? Не знам. Тоа е сѐ што можам да кажам за сега“, вели Новак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ