четврток, 5 февруари 2026

Далас го „поправа“ најлошиот трејд во историјата, заминува човекот кој дојде наместо Дончиќ

Добро упатениот кошаркарски инсајдер за НБА лигата, Шемс Чаранија најави голем трејд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Далас Маверикси лесно се откажуваат од човекот за кој го пуштија Лука Дончиќ. Ентони Дејвис е пред заминување од Тексас, бидејќи ќе биде дел од групен трејд на Далас и Вашингтон Визардс.

Со Дејвис кон главниот град на САД ќе се упатат Дианџело Расел, Данте Егзум и Џејден Харди.

Од друга страна, во спротивен правец одат Крис Мидлтон, Марвин Бегли, Малакај Бренам, Еј-Џеј Џонсон. Далас ќе добие и два пика од првата рунда и три од втората за следните драфтови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ