Бројките велат дека српскиот тенисер е најдобар во историјата, но се уште има луѓе кои дебатираат и во дискусијата ги ставаат Федерер и Надал.
Овие тројца тенисери ја одбележаа најдобрата тениска ера, но освоените титули го ставаат Ѓоковиќ на првото место на пиедесталот.
„Не знам зошто е потребно да се трошат зборови на оваа тема. Јасно е дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата. Да не беше тој, ни другите немаше да бидат толку добри. Сметам дека Новак заслужено е на самиот врв и највисокото место меѓу легендите“, изјави Налбандијан.






