Екитике даде гол за водство на Ливерпул од 2-1, а при прославата го соблече дресот иако веќе имаше добиено жолт картон. Поради таквата прослава тој доби уште еден жолт и беше исклучен од игра.
Казната од Премиерлигата му е еден меч суспензија, тоа значи дека ќе го пропушти дуелот со Кристал Палас.
Но, многу повеќе ќе го боли казната од Ливерпул. Според англиските медиуми, клубот за овој потег ќе го казни со две неделни плати, тоа е сума од околу 570.000 евра.
Ова е школа која скапо ќе ја плати, но другпат двапати ќе размисли како да прослави.






