понеделник, 8 декември 2025

Црна Гора го доживеа најголемиот фудбалски срам

Фудбалерите на Црна Гора ги загубија шансите за пласман на Светското првенство по срамниот пораз на гостувањето кај Фарски Острови од 4-0.

Објавено на

часот

Сподели

Црна Гора го замени селекторот, наместо Роберт Просинечки на клупата седна Мирко Вучиниќ. Легендата на црногорскиот фудбал имаше деби кое ќе го прогонува.

Фарски Острови дојдоа до нивната најубедлива победа во историјата откако со 4-0 ги победија Црногорците.

Најубедлива денеска беше Австрија која со неверојатни 10-0 славеше над Сан Марино, Данска со 6-0 победи на гостувањето кај Белорусија.

Босна и Херцеговина во судиското продолжение испушти победа во Кипар. Мечот заврши 2-2, а домаќините погодија во 96. минута од пенал.

Хрватска одигра без голови на гостувањето кај Чешка, Холандија со 4-0 славеше кај Малта, а Шкотска со 3-1 ја победи Грција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ