четврток, 29 мај 2025

Црн ден за мотоспортот: Двајца возачи починаа во страшен судар на дури 11 мотоциклисти (ВИДЕО)

Голема трагедија на мото трка во Велика Британија, двајца возачи починаа во страшен судар во кој беа инволвирани дури 11 мотоциклисти за време на трката во рамките на Британското суперспорт шампионат.

Објавено на

часот

Сподели

Црн ден за мотоспортот, на синоќешната трка во Оултон парк животот го загубија 21-годишниот Овен Џенер и 29-годишниот Шејн Ричардсон.

Двајцата заработиле тешки повреди во страшната несреќа во која учествуваа дури 11 мотоциклисти.

Овен Џенер веднаш бил пренесен во медицинскиот центар во склоп на патеката, но починал поради катастрофални повреди на главата.

Шејн Ричарс пак бил пренесен во Кралската универзитетска болница во Стоук, но им подлегнал на повредите уште пред да биде примен.

Во критична состојба се наоѓа и трет возач, 47-годишниот Том Танстол, кој има големи повреди на грбот и абдоменот.

Инцидентот се случил уште во првиот круг, кога на излезот од првиот свиок еден возач губи контрола над моторот и почнува да се лизга по асфалтот, а тие зад него не можат да го избегнат и настанува карамбол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ