недела, 5 април 2026

Циркус во МЛС: Фудбалер си даде автогол од половина терен (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Торонто и Колорадо од МЛС лигата се најде во центарот на вниманието поради автоголот кој во овој дуел си го постигна фудбалерот на гостите Зак Стефен.

Објавено на

часот

Сподели

Торонто победи во натпреварот со 3-2 и тоа по пресврт откако губеше со 2-0. Гостите преку Ароансон и Росенбери поведоа со два гола предност, а Колорадо во тие моменти беше и со играч помалку бидејќи на стартот од вториот дел исклучен беше Едвардс.

Но, и така направија пресврт прво Ларје намали на 2-1, а потоа Стефен комично од половина терен си ја погоди сопствената мрежа. Голманот не можеше да реагира со рака поради тоа што топката е вратена, проба да интервенира со него, но тоа го направи несмасно и топката заврши во неговиот гол. Победничкиот гол беше дело на Саргент на пет минути пред истекот на регуларните 90.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ