понеделник, 23 март 2026

Циципас го доживеа најтешкиот пораз во кариерата

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е елиминиран од турнирот во Мајами и тоа претрпе неверојатен пораз во кој доби само еден гем, нешто што претходно никогаш не му се случило во кариерата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Артур Филс од Франција беше тенисерот кој буквално го здроби Стефанос Циципас победувајќи го со 6-0 и 6-1 во меч кој траеше само 55 минути.

За време на мечот Циципас се жалеше на светлото на теренот.

„Треба да се срамиш од себе. Дали некогаш си ме видел како сервирам и промашувам форхенд 5 часа по ред? Тоа не се случува. Не можам да ја видам топката. Не знам како тој ја гледа топката“, му викаше Циципас на главниот судија.

Артур Филс пак вели дека ова бил неговиот најдобар меч во кариерата.

„Тоа беше најдобриот меч кој некогаш сум го одиграл во животот. Сум играл некои одлични мечеви претходно, но ова ниво беше неверојатно. Не знам што да кажам. Многу сум среќен со перформансите и се надевам дека ќе можам да го одржам ова ниво до крајот на неделата“, рече Филс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ