Нашите фудбалери одиграа солидно во првото полувреме, но по паузата следеше целосен пад во играта, кој противникот знаеше како да го казни.
По натпреварот на „Паркен“, своја анализа даде Дарко Чурлинов, кој потенцираше дека клучниот момент бил првиот примен гол во вториот дел.
„Првото полувреме го одработивме добро, во вториот дел направивме една грешка и таа не чинеше многу. Повеќе од тоа нема што да се каже. Во првиот дел ривалот не направи повеќе од нас и тоа е тоа. Нема на што да сум лут, дојдовме тука да победиме, но не успеавме. Тоа е дел од спортот и одиме понатаму. Тажен сум, но и разочаран затоа што не пројдовме понатаму. Сите имавме грешки, од прв до последен, мора да си ги признаеме тие работи, не е ништо да се крие. Не сметам дека овој пораз треба да не турне надоле или такво нешто, затоа што тоа би било погрешно“, смета Чурлинов.
Репрезентацијата денес се враќа во Скопје, а веќе во вторник ја очекува пријателски натпревар против Ирска.






