недела, 4 мај 2025

Чурлинов со гол против Бетис се одјави од европската сезона (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов даде нов гол за Јагелонија која одигра 1-1 против Бетис и доживеа елиминација од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Дарко Чурлинов беше исклучително мотивиран на денешниот натпревар, беше најактивниот гол на Бетис, а играта ја круниса со погодок.

Течеше 81. минута кога упорниот Чурлинов сам се избори за една топка и постигна гол за израмнување на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат.

Бетис оди во полуфиналето бидејќи на свој терен славеше со 2-0.

Фиорентина одигра 2-2 против Целје, виолетовите одат понатаму поради триумфот во Словенија од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ