По мечот македонскиот репрезентативец ја потенцираше силата на оваа репрезентација и фактот што Македонија станува тешко гостување за било која селекција.
„Она што го договаравме пред мечот, добро го реализираме, го пренесовме на терен и тоа ни го донесе овој убедлив резултат. Во денешниот фудбал не постои релаксирачки и лесен натпревар, никој не може да влезе со 70% од своите можности, особено кога се носи дресот на државата. Тоа треба така да биде и во иднина, ние секогаш ќе даваме 100%, а секоја селекција што ќе гостува во Македонија ќе треба да знае каде доаѓа и ќе треба да си го испоти задникот ако сака да победи во Скопје“, изјави Чурлинов.






