среда, 25 февруари 2026

Чупиќ: Во првиот дел го потценивме Мелсунген, ама за среќа потоа стигнавме до бодовите

Ракометарите на Вардар го победија Мелсунген со 37-33 во второто коло од главната фаза на Лигата на Европа.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-црните“ го надиграа ривалот од Германија кој дојде во Скопје со многу проблеми. По натпреварот на прес-конференцијата се обрати тренерот Иван Чупиќ.

Благодарен сум на Мелсунген за фер и коректниот натпревар. Покажаа сите во салата дека имаат навистина одличен тим со одличен тренер и систем, иако не беа најсилни. Од прв до последен момент сакаа да се докажуваат, а тоа е многу важно. Проблемот на мојот тим беше малку потценување во првиот дел. Не дека Мелсунген не заслужи да одигра така, ама Вардар не беше на посакуваното ниво за Лигата на Европа. Сепак, во продолжението покажавме дека имаме поголема ротација, имавме добар голман и се собравме во одбраната, па тоа не донесе до победата. Нема зошто да сум незадоволен по победата на мојот тим. Моите играчи не беа „тристотини на час“, како што мора кога играш за Вардар во оваа сала. Сепак, двата бода се тука, се приближивме до нашата цел“.

Освен него, зборуваше и тренерот Вукашин Воркапиќ кој кратко прокоментира.

Ова беше голема победа занас. Многу беше тешко, цел натпревар игравме седум на шест и тоа беше тешко. Сепак, триесет-четириесет минути се боревме подобро и на крајот тоа се исплати и победивме. Сакам да му честитам на мојот тим, но и да им посакам на Мелсунген играчите да им се опорават за следните предизвици“, изјави Воркапиќ.

Во следното коло Вардар ќе ја дочека Бенфика следниот вторник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ