сабота, 6 декември 2025

Чупиќ: Уште еднаш да покажаме како сакаме да го играме секој натпревар

Ракометарите на Вардар утре имаат нова европска задача, овојпат без резултатски императив, македонскиот тим го игра последниот натпревар од групната фаза во Европската лига, а противник е Тулуз.

Објавено на

часот

Сподели

Во минатото коло Вардар го обезбеди местото во следната фаза, па утрешната пресметка не решава ништо, но треба да се одработи.

„Зад нас е добра недела во која имавме, две важни победи во Европската лига и домашното првенство со Охрид. Сега ни доаѓа Тулуз кој нема натпреварувачки предизвик. Играме дома, се подготвивме добро и сакаме да останеме непоразени. Уште еднаш да им покажеме на навивачите како Вардар сака да го игра секој натпревар. Секогаш кога го браниме овој дрес го оставаме срцето на тереот“, вели тренерот Иван Чупиќ.

„Сите во тимот даваат 300% од своите можности, кога сте дел од клуб како Вардар, нема неважен натпревар. Ниту пријателските не беа важни, ама не ни беше лесно кога губевме. Моето размислување е дека секој меч пред нашите најдобри навивачи на свет мора да одиграме на ниво, да го почитуваме противникот и себе. Амбициите на Вардар секогаш се исти, секој трофеј треба да се освои, секој натпревар да се добие, а секој пораз е трагедија, депресија и проблем“.

Покрај Чупиќ пред новинарите зборуваше и ракометарот Марио Стојановски.

„Го анализиравме Тулуз и сега замислите на стручниот штаб треба да ги спроведеме на теренот. Веруваме во победа“, порача Стојновски.

Мечот меѓу Вардар и Тулуз се игра утре (вторник) со почеток од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ