понеделник, 8 декември 2025

Чупиќ пред мечот со Сесвете: Вардар секогаш оди на победа

Ракометарите на Вардар утре (вторник) го почнуваат настапот во Европската лига на ЕХФ, прв противник е хрватскиот тим Сесвете, мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:45 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ на денешната прес-конференција ги истакна амбициите на тимот.

„Вардар секогаш има цел да победува, без разлика каде игра. Ова е клуб со историја и знаеме дека мора да испорачаме резултат. Цел ни е да стигнеме далеку во Европската лига, но знаеме дека имаме тешка група, иако можеби не така атрактивна според имиња. Ќе одиме чекор по чекор, бидејќи групата е тешка, а секој бод има тежина“, изјави Чупиќ.

Судбината сакаше првиот противник на Вардар да е од земјата од каде што е и самиот Чупиќ, па тој добро го познава Сесвете.

„Македонската лига е посилна и поквалитетна. Таму во Хрватска има две доминантни екипи – Загреб и Нексе – а Сесвете финансиски не може да се мери со нив. Кај нас, речиси секој натпревар е дерби“, истакна тренерот.

Тој вели дека Вардар полека добива облик како што тој сака, а очекува во втората половина од сезоната да го игра најдобриот ракомет.

„Досега во првенството имаме само победи и екипата веќе добива облик. Новите играчи почнуваат да чувствуваат што значи да се носи дресот на Вардар. Сметам дека во втората половина од сезоната ќе го играме најдобриот ракомет, но важно е до тогаш да собираме бодови“, рече тој.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ