понеделник, 12 јануари 2026

Чупиќ: Ни следат многу големи натпревари во борбата за трофеи и во Европа

Ракометарите на Вардар тргнаа во подготовките за втората полусезона, а мисијата и целта се јасни да се врати трофејот во Скопје.

Фото: РК Вардар

Објавено на

часот

Сподели

Пред стартот на тренинзите хрватскиот стратег Иван Чупиќ ги најави следните предизвици. Хрватот знае дека ќе биде многу тешко до крајот на сезоната.

„Сите добро се одморивме и имавме убави празници. Поради професионализмот на играчите имавме повеќе време да се одмориме ментално и физички за втората полусезона. Сите знаеме дека првиот дел беше добар, ама сега е многу важно што сме поздрави. Ни следат многу големи натпревари, борба за титула, а играме во Европа и Купот. Многу работа е пред нас.За жал, како и сите така и ние имаме отсутни поради репрезентативни обврски. Верувам дека добро ќе одработиме додека не почне нашата лига.

Ни недостигаат Полјаците, треба да видиме дали некој од нив ќе се врати во тимот. Отсутни се и Митровиќ и Боно. Тузолана и Педро ќе работат посебно и од следната седмица ги планираме со екипата. Стојановски и Еспиња ќе почнат да тренираат со останатите, Лазаревски веќе од декември е со нас. Се надевам дека до турнирот во Хрватска на крајот на јануари ќе бидеме комплети сите, веројатно без Боно. Ќе играме на турнир со Загреб, Сесвете и Слован. Летоска игравме на турнирот во Охрид и видовме дека тие натпревари со силни ривали ни даваат подобра слика за ситуацијата во тимот. Поради тоа одбравме силен турнир со ривали од Лигата на шампионите и Европската лига. Таму треба добро да се подготвиме за она штни ни следува. Сакаме да одработиме добар турнир во Лабин, бидејќи бргу ни доаѓаат предизвиците и ќе има уште дваесетина дена до Алкалоид и Европа“, кажа Чупиќ.

Вардар во подготовките ќе настапи на пријателски турнир во Хрватска каде што може да се судри со Загреб, Сесвете и Слован Љубљана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ