недела, 7 декември 2025

Чупиќ: Им покажавме на другите екипи каде ни е местото

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ е презадоволен од вчерашното издание на неговите ракометари кои победија на гостувањето кај Севете со 14 голови разлика во меч од ЕХФ Европската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Со вчерашната победа Вардар го завери местото во топ-16 фазата од ЕХФ Европската лига. Црвено-црните оваа сезона играат одлично во Европа, а во домашното првенство со перфектен учинок се на првото место на табелата.

Тренерот Иван Чупиќ искажа големо задоволство од настапот на неговите ракометари на вчерашниот меч.

„Нормално е дека сум среќен и задоволен, моите ракометари беа подобри во текот на сите 60 минути, „гризеа“ на теренот и ја демонстрираа играта како што трениравме. Им покажавме на другите екипи каде ни е местото и што можеме да очекуваме од себе оваа сезона. Мислам дека секој што е дел од Вардар е презадоволен по ваков натпревар“, вели Чупиќ.

„Можеби резултатот покажува дека натпреварот бил лесен за нас, но во суштина не беша така, моравме добро да се потрудиме и да одиграме најдобро што знаеме за да излезе вака“.

Вардар има уште еден меч од групната фаза, на домашен терен го пречекува Тулуз, но тој дуел нема резултатска важност, не решава ништо.

Фото: РК Вардар

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ