понеделник, 23 февруари 2026

Чупиќ и Малус: Со добра атмосфера до победа над Мелсунген

Ракометарите на Вардар 1961 ќе го пречека Мелсунген во второто коло од главната фаза на Европската лига на ЕХФ.

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата пред натпреварот своите очекувања ги сподели тренерот Иван Чупиќ.

По воведниот пораз од Бенфика знаеме дека е пред нас многу важен меч. Ќе се подготвуваме за Мелсунген. Сите знаеме дека се работи за многу добра екипа со многу добар тренер кој сите добро го знаете. Наша цел е со две победи дома ќе обезбедиме место во осминафиналето. Одиме чекор по чекор за да се реализира тоа мора да дадеме се од себе на утрешниот меч и се надевам дека утре ќе го наполниме „Јане Сандански“ и со убава атмосфера ќе стигнеме до победа. Реалност е дека виновен за поразот од Бенфика сум јас и преземам одговорност. Не бевме на ниво за меч од Лига Европа. Со 20 технички грешки и 40 примени голови не треба да си паметен многу за да знаеш каде е причината за поразот. Се случуваат мечеви кога не можеш да објасниш каде е грешката. Мора да го прифатиме тоа и со многу работа да го поправиме. Мислам дека мојата екипа два дена подоцна против Алкалоид покажа и карактер и желба и одговорност кон дресот што го носат. Како тренер се преиспитуваш по секој меч и одиш понатаму. Следна цел е Мелсунген и размислуваме на тоа“, изјави Чупиќ.

Освен тренерот на вардарци зборуваше и Јака Малус. Словенечкиот бек кој блесна против Алкалоид најави борба и против Германците.

Сите знаеме каков квалитет има Мелсунген, но мислам дека по мечот со Алкалоид покажавме карактер и дека после еден пораз знаеме и можеме да играме. Мораме да одиме на победа и заслужуваме да имаме полна сала бидејќи со добра атмосфера нас ќе ни биде многу полесно бидејќи во Германија не знаат за ваква атмосфера. Се надевам дека со помош на публиката ќе стигнеме до победа“, смета Малус.

Натпреварот меѓу Вардар и Мелсунген се игра во терминот од 20:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ