Во изјава за „Спортске новости“, тренерот на Вардар, Иван Чупиќ потврди дека Хориха во наредната сезона ќе оди во Унгарија.
„Градиме тим за новата сезона, сакаме да се вратиме во ЛШ каде што Вардар нема играно четири сезони. Поставивме цели околу новиот тим, бараме уште две засилувања и тоа би било тоа. Летовот ќе ни замине Хориха во ПИК Сегед, ама ни доаѓа словенецот Леон Љевар. Воркапиќ и Силва дојдоа порано од планираното бидејќи останавме без Талевски и Борозан. Доаѓа и Милам Бомаштар (голман – н.з.)“, изјави Чупиќ.






