среда, 11 март 2026

Чудесниот Дончиќ постигна половина од поените на Словенија во победата над Италија (ВИДЕО)

Словенија се пласираше во четвртфинале на Евробаскетот, чудесниот Лука Дончиќ со 42 поени ја предводеше својата репрезентација до триумф од 77-84 над Италија.

Објавено на

часот

Сподели

Словенија влезе како аутсајдер против Италија, но Лука Дончиќ со ново чудесно издание донесе изненадување и пласман во четвртфинале.

Ѕвездата на Лос Анџелес постигна 22 поени во првата четвртина, која Словенија ја доби со 11-29 и направи предност која „аѕурите“ ја бркаа цел натпревар.

Италија најмногу што направи е што дојде на -1, во финишот од натпреварот, но кошаркарите на Словенија останаа присебни и триумфираа со 77-84.

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 42 поени, односно половина од поените на Словенија, а придодаде и 10 скокови за дабл-дабл учинок.

ФОТО: X/FIBA EuroBasket

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ