Маркос Томаз Перез, пензиониран полицаец од Мајами, кој работел како обезбедување во Мајами хит од 2016 до 2021, а потоа и како обезбедување за НБА од 2022 до 2025 е обвинет дека заработил околу 2 милиони долари од продажба на украдени дресови и други вредни предмети.
Тој бил еден од малкумината вработени кои имале пристап до обезбедена просторија за опрема каде што се чувале сувенири и вредни предмети кои требале да се најдат во музејот на „жешките“.
Според документите, Перез украл повеќе од 400 дресови кои биле носени на натпреварите и други вредни предмети.
Најголема продажба му била дрес на Леброн Џејмс кој бил носен на натпревар од финалето во НБА, за него заработил околу 100.000 долари. Истиот овој дрес подоцна на аукција бил продаден за фантастични 3,7 милиони долари.






