понеделник, 8 декември 2025

Чикаго се врати од -24 и ја победи Филаделфија (ВИДЕО)

Чикаго Булс продолжува со одличните резултати на почетокот од новата сезона во НБА, овојпат славеше со 113-111 против Филаделфија во меч со неверојатен пресврт.

Објавено на

часот

Сподели

Гостите од Филаделфија имаа фантастичен старт на мечот, првата четвртина ја добија со 45-27, а во првото полувреме стигнаа и до предност од 24 поени разлика.

Чикаго почна да ја топи предноста на Фили во второто полувреме, биковите одиграа фантастична одбрана во последните 12 минути и тоа беше пресудно за пресвртот и победата. Во последната четвртина Филаделфија постигна само 16 поени. Вучиниќ со тројка во последните секунди го реши победникот.

Најдобар во Чикаго беше Гиди со трипл-дабл учинок, имаше 29 поени, 15 скокови и 12 асистенции, Вучиниќ постигна 19 поени, имаше и 10 скокови. Најдобар кај Филаделфија беше Максеј со 39 поени.

Резултати:

Торонто – Милвоки 128-100
Атланта – Орландо 127-112
Чикаго – Филаделфија 113-111
Њу Орлеанс – Шарлот 116-112
Голден стејт – Феникс 118-107
ЛА Клиперс – Оклахома 107-126

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ