Од вкупно 27 фудбалери кои допатуваа во Копенхаген, четворица ќе останат надвор од конкуренција и нема да бидат во протоколот, па натпреварот ќе го следат од трибините на „Паркен“.
Станува збор за Решат Рамадани и Имран Фетаи од Шкендија, Лука Станковски и Тихомир Костадинов. Последниот отпадна поради суспензија поради жолти картони, иако досега беше стандарден дел од тимот.
Претходно од повиканите отпадна и Езѓан Алиоски кој беше повреден уште при настапите за Лугано.






