„Кралевите“ би можеле да бидат значително ослабени во пресметката против Арсенал во четвртфиналео, УЕФА отвори истрага против четворица фудбалери.
Килијан Мбаше, Антонио Ридигер, Винисиус Жуниор и Дани Себаљос се товарат за недолично однесување по крајот на натпреварот против Атлетико Мадрид, и победата на пенали против лутиот градски ривал.
Килијан Мбапе е под лупа поради тоа што си ги фаќал гениталиите, Антонио Ридигер пак порачувал дека ќе „сече глави“ додека пак Винисиус Жуниор и Себаљос се расправале со публиката.
Постои шанса фудбалерите да добијат суспензии, но најверојатно ќе поминат само со парична глоба.