Чешмеџиев кој во минатата сезона го носеше дресот на Гостивар, како слободен играч ќе потпише за босанскиот клуб Радник Бјелина, пишуваат босанските медиуми.
Ова за Чешмеџиев ќе биде враќање во оваа земја, тој една сезона од кариерата ја мина во Вележ од Мостар.
Клубот на Радник минатата сезона се спаси од испаѓање во најдобрата босанска лига, ова лето прави реконструкција на тимот и ќе се обиде да игра поважна улога во шампионатот.






