Тој во полуфиналната битка беше подобар од домашниот тенисер Тејлор Фриц кој го совлада со 2-1 (7-6, 4-6, 7-6) во сетови.
Се работи за тенисер кој има само 19 години и неговото име допрва треба да биде слушано.
Тој на Флорида оствари неколку значајни резултати, имајќи предвид дека во второто коло го елиминира победникот од Индијан Велс, Џек Дрејпер, потоа Сафиулин и Махач, за синоќа да го совлада и четвртиот светски рекет. На турнирот влезе како 54. на АТП листата, а во најлош случај ќе си замине како 30-пласиран.
Младиот Чех покажа неверојатни квалитети на мечот со Фриц, но најмногу од се, доминираше благодарение на сервисот. Оствари 25 аса, наспроти 14 на Фриц од кои двоцифрен број во првиот и третиот сет, кои ги доби во своја корист. Дозволи само еден брејк и тоа во првиот гем од вториот сет.
Најголемиот предизвик за Мешник ќе биде во финалето каде ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој лесно во два сета го победи Григор Димитров.