четврток, 24 јули 2025

Челси убедливо го победи ПСЖ и го освои Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Челси е првиот освојувач на Светското клупско првенство во овој формат, сините со убедливи 3-0 го совладаа европскиот шампион ПСЖ и заслужено го кренаа големиот трофеј, Кол Палмер и голманот Роберт Санчез се хероите на англискиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ беше доминантен во европскиот фудбал во изминатите месеци, па тие ја имаа фаворитската улога и во денешното финале. Работите овојпат се одвиваа поинаку.

Челси уште од почетокот тргна фокусирано и се обидуваше да воспостави доминација, тоа и им успеа, а брзо почнаа да доаѓаат и головите.

Резултатот беше отворен во 22. минута кога по асистенција од Густо, Палмер убаво ја пласираше топката во голот на Донарума за водство од 1-0.

Осум минути подоцна повторно Палмер е главен, овојпат погоди за предност на Челси од 2-0, уште поубав гол.

Во финишот од првото полувреме Палмер ја имаше улогата на асистент, одлично додаде до Жоао Педро кој погоди за водство од 3-0 што беше и конечен резултат.

Во второто полувреме ПСЖ се обидуваше да се врати, создаде неколку шанси, но не успеа да постигне гол, Челси на голот го имаше денеска одличниот Роберт Санчез.

На крајот Челси заслужено се радува на големиот трофеј кој ветува многу подобра сезона за момците на Мареска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ