петок, 6 јуни 2025

Челси сам си заврши работа, Јунајтед одигра за Њукасл и ја остави Астон Вила без ЛШ (ВИДЕО)

Денешното последно коло од Премиер лигата ги одреди патниците за европските купови, возбудлива беше битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Челси сам си заврши работа, победи во директна пресметка со Нотингем Форест со 0-1 на „Сити Граунд“ и ја заврши сезоната на четвртото место. „Сините“ триумфираа со голот на Луис Колвил.

Њукасл претрпе изненадувачки пораз од Евертон, кој со голот на Карлос Алкараз слави на „Сент Џејмс Парк“ со 0-1. Сепак, „страчките“ добија огромна услуга од Манчестер Јунајтед кој со 2-0 ја совлада Астон вила иако немаше никаков резултатски мотив. „Црвените ѓаволи“ го искористија фактот дека во вториот дел беа со човек повеќе по исклучувањето на Еми Мартинез, па со головите на Диало и Ериксен стигнаа до трите бода.

Во борбата за Лигата на шампионите Челси заврши на четвртото место со 69 бода, а три помалку имаат Њукасл и Астон Вила која има полоша гол-разлика, па поради тоа ќе оди во Лигата на Европа. Последната европска виза ја собра Нотингем Форест кој ќе настапи во Конференциската лига на УЕФА, откако сезоната ја заврши со 65 бода.

Што се однесува до водечките, шампионот Ливерпул ремизира со Кристал Палас (1-1), Арсенал слави кај Саутемптон (1-2), Манчестер Сити триумфира кај Фулам (0-2). На останатите терени Борнмут го совлада Лестер (2-0), Брајтон го декласира Тотнем (1-4), Вест Хем минимално слави кај Ипсвич (1-3), а Волвс и Брентфорд одиграа без победник (1-1).

Фото: X/ChelseaFC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ