Челси најде начин како да ги закрпи дупките од огромните инвестиции во нови засилувања и сам на себе си го продаде женскиот тим, или поточно кажано, сестринска компанија го купи женскиот тим во зделка од речиси 200 милиони фунти.
Ова придонесе „сините“ за финансиската година која завршува на 30. јуни да искажат добивка од 128,4 милиони фунти.
И додека за Премиерлигата нема ништо спорно во оваа скандалозна зделка, кај УЕФА ова нема да помине.
Европската куќа на фудбалот нема да го земе во предвид приходот од речиси 200 милиони фунти кога ќе ги прави своите калкулации, па се очекува Челси да има загуба од околу 358 милиони фунти за последните три сезони, што е двојно повеќе од дозволениот лимит на УЕФА од 170 милиони фунти.
Па за очекување е Челси да биде санкциониран, исфрлање од Европа е една од опциите, иако за очекување е да добие само парична глоба и условно исфрлање од Европа доколку не ги балансира сметките во иднина.